НОЕМВРИ Е СВЕТСКИ МЕСЕЦ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА БЕЛОДРОБНИОТ КАРЦИНОМ

Белодробниот карцином е најчест карцином во светот.Секоја година, повеќе луѓе умираат од овој тип на карцином, отколку од карцином на дојка, дебело црево и простата заедно.

Согласно податоците на Истражувачката Агенција за истражувања на рак (IARC) при Светската Здравствена Организација(СЗО)-GLOBOCAN годишно има 1.590.000 смртни случаи од белодробен карцином на светско ниво кај двата пола.

АМБРЕЛА се придружува кон иницијативата за подигнување на свеста за белодробниот карцином во месец Ноември!