Е – ЦИГАРИТЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ НА РЕЦЕПТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Болниците би требале да продаваат е-цигари на пациентите, јавија од  Public Health England (PHE).

Во меѓувреме, државните службеници треба да им помогнат на производителите да ги регистрираат е-цигарите како помагала за одвикнување од пушење.

Овој потег би овозможил на докторите да препишуваат на рецепт електронски цигари на своите пациенти кој се обидуваат да престанат со пушење.

Стручњаците заклучија дека  vaping (конзумирање на електронски цигари) представува неспоредливо помал ризик од конзумирање на тутун, додека пак проценката на е-цигарите е дека секоја година може да допринесе до 20.000 помалку зависници од тутун.

Меѓутоа, бројката на луѓе кој ги конзумираат електронските цигари во последно време стагнира и сега изнесува околу три милијони корисници во Велика Британија, према извештајот кој го спровеле стручњаците од King's College Лондон и Британскиот центар за студии за тутун и алхохол, при  Универзитетот во  Stirling и институтот за истражување на ракот UK. Една од причините поради која што дошло до застој може да биде погрешно сватено ниво на штетноста поврзана со електронските цигари. Истражувачите откриле дека на илјада пушачи "погрешно" верувале дека vaping е штетен како и пушењето на тутунот, а двајца од петмина пушачи не пробале воопшто електронска цигара. Во редакцијата, објавена во  “The Lancet”, стручњаците од PHE изјавиле: "иако не е без ризик, вкупно се проценува дека користењето на електронските цигари е преку 95% помалку штетно во однос на конзумирањето на тутунот, додека ризикот од рак е скоро занемарлив, и во однос на тутунот и изнесува дури и 99% помала закана по човечкиот организам."  После таа објава, PHE  направи низа препораки за е-цигарите, вклучувајќи и повик до Регулаторната агенција за лекови и медицински средства да ги подржат производителите за го лиценцираат производот како помошно медицинско средство како би можеле да бидат достапни на NHS (достапни на лекарски рецепт), постигнувајќи да било кој пушач може да се префрли на е-цигарите “бесплатно” користејќи NHS  фондовите.

Dr. Martin Dockrell, раководител и контролор на тутун за PHE, изјавил: "Постојат два чекора до болница без тутун,  не дозволено пушење на територијата на целата болница, како и да се помогне на секој пушач да се одвикне. Некои болници ќе одлучат, посебно со своите долгорочни пациенти или пациенти кој немаат избор на своја желба да бидат тамо или не,  каде би било прикладно да имаат затворени простории каде е дозволен vaping. Најцврст случај за ова се псијатриските болници бидејќи нивните пациенти во најчест случај пушачи кој многу често и имаат најголеми нивоа на оштетувања поврзани со пушењето. Еднокреветните соби се прилично често во болниците за ментално здравје, така што на луѓето им е многу едноствано користењето на електронските цигари во тие соби, без никакви вознемирувања на останатите пациенти.” Додаде и уште во врска со бoлницата за акутни заболувања: ”Најдобро би било секоја установа да донесе сопствена политика, но би било добро  да се подпомогнат со што повеќе еднокреветни соби или простории во кој  е дозволено користењето на електронските цигари,  додека, секако, пушењето е забрането насекаде.

Кога го запрашале за затворените заеднички простории за употреба на електронските цигари, г Dockrell изјавил: ”Нема причина поради која болницата не би требало да одреди некои зтворени простории во кој пациентите и посетителите можат да конзумираат електронски цигари.”

Професорот John Nevton, директор за унапредување на здравје во PHE, изјави: "Секој миг некој е примен во болница поради пушење, со околу 79.000 смртни случаеви годишно само во Англија. Нашиот нов извештај го поткрепува заклучокот дека vaping   носи занемарлив дел од ризикот во однос на пушењето .  Сепак, повеќе од половината пушачи или лажно веруваат дека  vaping е штетен како и пушењето или едноставно не се доволно информирани. Би било трагично доколку илјада пушачи, кој би можеле да се откажат од пушењето со помош на е-цигарите, ја прoпуштат таа можност поради своите нетемелни стравови.”

Ann McNeill, главнот автор и професор за зависност од тутун на Кралскиот колеџ во Лондон изјави:  " Исклучително е загрижувачки е што пушачите и понатаму имаат такво лошо разбирање за причинителите  на штетата од пушењето. Кога луѓето пушат тутунски цигари, вдишуваат смртоносни мешавини од 7.000 состојки преку чадот, од кој за 70 е потврдено дека предизвикуваат рак. Луѓето кој пушат никотин, но спротивно на она што поголемиот дел верува,  никотинот предизвикува мала, дури и никаква штета воопшто.  Отровниот чад  е виновникот и предизвикувач на сите причини за болести и смртност поврзани со тутунот. “

Во меѓувреме, стручњаците истотака се повикаа и на повеќето студии за ефектите на трудниците кој користат е-цигари.

Сегашните насоки за е-цигарите во бременоста гласат: “Доколку користите електронска цигара како помош при одвикнување од пушење, многу е посигурно за Вас и Вашето бебе него да продолжите да пушите тутун.”

Извор:
BBC
Derby Telegraph