Umbrella Aegis Boost POD MOD

More Views

Umbrella Aegis Boost POD MOD

Availability: На состојба

Umbrella Aegis Boost by Geek Vape направи вистински хит во светот на vaping-от. Со интегрирана батерија од 1500mAh и максимална излезна сила од 40W во ваков компактен уред, Umbrella Aegis Boost е сон на секој вејпер. Покрај одличните технички каракеристики овој POD MOD е отпорен и на вода и на прашина и на удари според  IP67 стандардот.

ден 2.909,00

VIP цена: ден 2.618,10

* Задолжителни полиња

ден 2.909,00
Сподели со пријателите

Сите нарачки примени во радотен ден се испорачуваат максимум во рок од 48часа.

Oпис

Детали за производот

Umbrella AEGIS BOOST - POD MOD КОЈ СО ИЗГЛЕДОТ И КАРАКТЕРИСТИКИТЕ ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ!

Опис на производот:
Umbrella Aegis Boost by Geek Vape направи вистински хит во светот на vaping-от. Со интегрирана батерија од 1500mAh и максимална излезна сила од 40W во ваков компактен уред, Umbrella Aegis Boost е сон на секој вејпер. Покрај одличните технички каракеристики овој POD MOD е отпорен и на вода и на прашина и на удари според  IP67 стандардот.

СОДРЖИНА НА ПАКЕТОТ:
1 * Umbrella Aegis Boost POD MOD
1 * Греач BOOST GV-71 (Mesh) Coil 0.4Ω 25-33W DL
1 * Греач BOOST GV-65 (Mesh) Coil 0.6Ω 15-25W MTL
1 * Кружен наставак за уста
1 * Алат за греачи
1 * USB кабел за полнење

КАРАКТЕРИСТИКИ:
Висина: 106,8mm
Ширина: 27,7mm
Длабочина: 39,2mm
Tежина: 120g
Зафатнина на танкот: 3,7ml
Kапацитет на батеријата: 1500mAh

Kако се користи

Отклучување/заклучување:
Umbrella Aegis Boost електронската цигара се отклучува со последователно брзо притискање на тастерот 5 пати со ред. На ист начин и се заклучува.

Користење:
Неопходно е да се држи притиснат тастерот за активација додека се користи електронската цигара.

Прилагодување на излезната сила:
Кога уредот е отклучен прилагодувањето на излезната сила се врши со притискање на + i - тастерот. Со поединечно притискање на тастерот излезната сила се зголемува или намалува за  0,5W. Со држење на + или – тастерот повеќе од секунда, прилагодувањето на излезната сила се забрзува. Кога ќе достигне minimum или maksimum излезна сила, прилагодувањето автоматски запира. Кога излезната сила е на maksimum, со наредното притискање на + тастерот,ќе премине на minimum, а кога е на minimum со следното притискање на  - тастерот ќе премини на maksimum.

 

Прикажување на бројот на повлекувања:
Кога уредот е отклучен, со притискање на тастерот за активација и  - тастерот во траење од две секунди ќе се прикажи бројот на досегашните повлекувања. Со притискање на – тастерот бројот на повлекувања ќе се поништи, а со притискање на активациониот тастер во траење од една секунда ќе излезете од ова мени. Уредот автоматски ќе излези од ова мени доколку не притиснете на ниту еден тастер во траење од пет секунди.

Отклучување/заклучување на регулационите тастери:
Притиснете и држете во исто време на  + и – тастерот, за да ги заклучите регулационите тастери. На ист начин и ги отклучувате.

Системски информации:
Кога уредот е заклучен притиснете и држете на + и – тастерот во исто време во траење од две секунди и на дисплејот ќе се прикажат информации за моменталниот firmware кој е инсталиран.

Фабричко ресетирање:
Додека се прикажуваат системските информации на дисплејот, притиснете ги во исто време + тастерот, - тастерот и активациониот тастер за да го вратите уредот на фабричко подесување.

Полнење на батеријате:
Батеријате се полни единствено преку оригиналниот кабел кој го добивате во паковањето.Потребно е да се вклучи кабелот во било кој USB извор на напојување (ѕиден адаптер, компјутер...), а другиот дел се прилкучува во USB port-от на електронската цигара. Umbrella Aegis Boost може да се користи и додека батеријата се полни.

Сипање на течност: Сипањето на течност во овој POD tank е наједноставно до сега. Потребно е само да се отвори силиконскиот капак кој се наоѓа на горната страна на танкот и низ отворот да се сипе течноста во танкот.
НАПОМЕНА:
После првото сипање на течност задолжително почекајте МИНИМУМ 5 минути, греачот убаво да впие од течноста.

Регулација на протокот на воздухот:
Во зависност од афинитетите на корисникот, протокот на воздух на овој уред многу лесно се регулира. Од преднта страна на POD танкот се наоѓа мала "точка" со која се регулира протокот на воздух така што се врти на една или друга страна.

Замена на греач:
Најпрво е потребно да се извади POD танкот од цигарата. Од задната страна на POD танкот се наоѓа брава која треба да се притисне за да може да се извади POD танкот. После тоа потребно е да се заврти танкот наопаку и со помошна алатот, кој го добивате во пакувањето извлечете го греачот од танкот и на негово место позиционирајте го новиот греач. При првата употреба  или при замена на греачот, потребно е да се почека неколку минути после сипањето на течноста, за греачот добро да впие од течноста.

Осврти

Прикажаните VIP цени се само за членовите на Umbrella VIP клубот.Член Umbrella VIP клуб може да постане секое полнолетно лице со живеалиште во република Македонија кое предходно ќе оствари сметка од 3000 денари. И ќе го исполни условот за членство и тоа ислучиво во Амбрела продажните места. За повеќе информации за Umbrella VIP клубот јавете се на call центарот на 072/230-107 или пишете mail vip@ekocigari.mk Доколку сте веќе член Umbrella VIP клуб ве молиме со првата нарачка во напомена да го внесете бројот на Вашата VIP картица.