Umbrella AIO

More Views

Umbrella AIO

Availability: На состојба

Амбрела АИО е првата електронска цигара од Амбрела од моделот се во една.
ден 1.800,00

VIP цена: ден 1.620,00

* Задолжителни полиња

ден 1.800,00

Сите нарачки примени во радотен ден се испорачуваат максимум во рок од 48часа.

Oпис

Детали за производот

Амбрела АИО е првата електронска цигара од Амбрела од моделот се во една.
Тоа е доволно моќно да ги задоволи дури и најсложените корисници, а од друга страна лесно е да се користи и исто така е идеално за почетници.
Единствениот систем против протекување го спречува течноста од атомизаторот да ја оштети батеријата. Батеријата и атомизаторот се всушност еден дел, па оттука и името All In One.

Содржина на пакувањето:
1 x амбрела AIO батерија,
2 x AIO SS316 0,6ohm грејач,
1 x рерна,
1 x USB кабел за полнење.

Како се употребува

Отклучување/Заклучување:
Umbrella AIO / AIO + eелектронската цигара се отклучува со 5 брзи притискања на тастерот (копчето за активација), после кое што светлото трепка 5 пати. На истиот начин се заклучува.

Употреба:
Неопходно е да се држи копчето за активација додека се користи електронската цигара.

Полнење на батеријата:
Батеријата се полни исклучиво со оригиналниот кабел кој доаѓа со пакетот. За полнење, потребно е да го приклучите USB кабелот на било кој USB порт (ѕиден адаптер, компјутер...), а другиот дел да го приклучите во USB портот на цигарата. Кога батеријата целосно ќе се наполни светлото на цигарата престанува да свети. Umbrella AIO / AIO + моделите можат да се користат и за време на нивното полнење.

Ставање течност:
Прво, треба да го извадите капакот на цигарата со притискање надолу и одвртување (систем за заштита од деца). Потоа, истурете ја течноста во атомизерот до обележаната линија на надворешната страна на цигарата. Осигурајте се дека течноста не нема да премине преку означената линија, бидејќи ќе дојде до протекување. Пред првото користење или поставувањето на нов грејач, неопходно е да се истурат неколку капки течност директно на грејачот, за да се избегне согорување на грејачите.

Замена на грејачот:
Како и кај ставањето течност, потребно е да се отстрани капакот на цигарата со притискање надолу и одвртување. Потоа отстранете го капакот на цигарата заедно со грејачот од цигарата, одвртете го стариот грејач и ставете го новиот грејач.

Гасење на светлото или промена на бојата:
За замена на бојата на сијаличката потребно е да држите десет секунди на копчето за активација додека цигарата е исклучена, а потоа со притискање на копчето си одбирате боја која вам ви одговара.

Регулација на протокот на воздух:

Протокот на воздух се регулира многу едноставно со вртење на прстенот за контрола на проток на воздух на едната или другата страна.

Осврти

Прикажаните VIP цени се само за членовите на Umbrella VIP клубот.Член Umbrella VIP клуб може да постане секое полнолетно лице со живеалиште во република Македонија кое предходно ќе оствари сметка од 3000 денари. И ќе го исполни условот за членство и тоа ислучиво во Амбрела продажните места. За повеќе информации за Umbrella VIP клубот јавете се на call центарот на 072/230-107 или пишете mail vip@ekocigari.mk Доколку сте веќе член Umbrella VIP клуб ве молиме со првата нарачка во напомена да го внесете бројот на Вашата VIP картица.