Umbrella AIO POD

More Views

Umbrella AIO POD

Availability: На состојба

Umbrella AIO POD - МАЛ - ЛЕСЕН - МОЌЕНнајново во Umbrella понудата!

ден 1.875,00

VIP цена: ден 1.687,50

* Задолжителни полиња

ден 1.875,00
Сподели со пријателите

Сите нарачки примени во радотен ден се испорачуваат максимум во рок од 48часа.

Oпис

Детали за производот

Umbrella AIO POD - МАЛ - ЛЕСЕН - МОЌЕНнајново во Umbrella понудата!

- AIO POD технологија – најпопуларна и најиновативна на пазарот на електронски цигари
- Неверојатно мали димензии со тежина од само 59.5g се идеални за лесно користење и носење
- Јака батерија од дури 1500mAh сместена во неверојатно мал уред, обезбедува дури и дополнителен избор од 3 нивоа на моќност (најслаб, среден и најјак) за прилагодување на VAPE искуството.
- Регулирање на протокот на воздух за да одберете совршен проток за себе.
- Едноставно полнење и видливост на нивото на течност во секој момент
- Лесна замена на греачите со избор за МЛТ (1,2 ohm) и ДЛ греач (0,6 ohm)

Општи карактеристики

Должина: 102,5 mm

Дијаметар: 22 mm

Тежина: 59.5 g

Капацитет на батеријата: 1500mAh

Максимална излезна сила: 23W

Капацитет на POD резервоарот: 2 ml

 

Содржина на пакетот:

1 x Umbrella AIO POD
1 x Umbrella греач 0,6ohm ДЛ
1 x USB Кабел за полнење

 

Како се користи

Склопување:
1. Извадете го AIO POD резервоарот од батеријата.
2. Извадете го греачот од кутијата, капнете неколку капки течност директно на греачот за да впие добро памукот од течноста, пред првото користење, и ставете го греачот во AIO POD резервоарот.
3. Свртете го ротирачкиот прстен за налевање на течност за да се појави отворот за налевање и полека наполнете го AIO POD резервоарот, a после тоа вратете го ротирачкиот прстен во првобитната положба.
4. Вратете го POD резервоарот на батеријата и завртете го целиот POD за да го регулирате протокот на воздух.

Отклучување / заклучување:
Umbrella AIO POD електронската цигара се отклучува со последователни, брзи притискања на тастерот 5 пати со ред, после што ламбичката околу тастерот ќе засвети 5 пати. На ист начин се исклучува.

Одбирање на излезната моќ:
Кога AIO POD е отклучен, имате можност за да одберете три режими на работа т.е. три излезни сили - High (најјака), Medium (средна) и Low (најслаба). Промена на излезната сила се врши со последователно, брзо притискање на активациониот тастер три пати со ред, после што ламбицата околу тастерот ќе светне три пати. Во зависност од бојата со која свети ламбицата ќе знаете во кој режим моментално работи батеријата. Со брзи, последователни притискања на активациониот тастер два пати со ред, ламбицата ќе светне во боја во зависност од режимот во кој моментално работи батеријата, во траење од две секунди.

Користење:
Неопходно е да се држи притиснат активациониот тастер додека се користи електронската цигара.
Во текот на користењето ламбицата свети без прекин. Бојата на светлото на ламбицата го означува нивото на наполнетост на батеријата.

Полнење на батеријата:
Батеријата се полни единствено преку оригиналниот кабел кој го добивате во пакувањето. Потребно е да се приклучи кабелот на било кој USB извор на напојување (ѕиден адаптер, компјутер...), а другиот дел да се приклучи во USB port-от на електронската цигара. При полнењето ламбицата околу тастерот свети со црвена боја, а кога батеријата е целосно полна, ламбицата престанува да свети. Umbrella AIO POD може да се користи и додека се полни.

Осврти

Прикажаните VIP цени се само за членовите на Umbrella VIP клубот.Член Umbrella VIP клуб може да постане секое полнолетно лице со живеалиште во република Македонија кое предходно ќе оствари сметка од 3000 денари. И ќе го исполни условот за членство и тоа ислучиво во Амбрела продажните места. За повеќе информации за Umbrella VIP клубот јавете се на call центарот на 072/230-107 или пишете mail vip@ekocigari.mk Доколку сте веќе член Umbrella VIP клуб ве молиме со првата нарачка во напомена да го внесете бројот на Вашата VIP картица.