АПТЕКИТЕ ВО МАНЧЕСТЕР БЕСПЛАТНО ДАВААТ ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ

Аптеките во Манчестер им понудиле на пушачите бесплатна месечна залиха на електронски цигари се со цел да им помогнат да се откажат од пушењето.

Од пушачите само се побарало да се запишат во програмот за одвикнување од пушење, и добивале  консултации со советникот за одвикнување.

Бен Фрајер, советник за Јавно здравје во Советот на Трафорд кој ја поддржа акцијата, вели:

"Иако е-цигарите содржат никотин, како и традиционални никотински лепенки и гуми за џвакање, тие не произведуваат канцерогени материи кои предизвикуваат рак - како што тоа го прават обичните цигари. Како резултат,  Министерство за здравство на Велика Британија кое процени дека електронските цигари се 95% побезбедни од тутунот “.

„Е-цигарите се препорачуваат како една опција што може да им помогне на луѓето да престанат да пушат – и тоа од Јавното здравство на Англија (PHE), Националниот институт за здравје и нега  (NICE) и Кралскиот медицински колеџ“, додаде Фрајер. .

Акцијата траеше до крајот на Март годинава во избрани аптеки во Манчестер.

Џудит Лојд, член на Извршниот одбор за здравје и благосостојба на Советот на Трафорд, вели:

„Една од најдобрите работи која било кој може да ја направи  во 2019 година е да го подобри своето здравје и да се откаже од пушењето. На сите жители на Трафорд им понудивме бесплатни електронски цигари за период од еден месец, како и професионална поддршка за да ги охрабриме луѓето да престанат да пушат во 2019 година. “

Според официјалната статистика, во областа Манчестер има над 393.000 пушачи.