Зошто треба да преминете на електронските цигари

Постојат многу предности при преминот на електронски цигари. Целта на електронските цигари е да понудат никотин без дополнителни здравствени ризици на кои се изложени пушачите доколку конзумирате цигари со тутунски никотин.

Употребата на електронските цигари има неколку предности , а тоа се здравствена, финансиска и социјална предност.

Здравствени бенефити од користење на електронските цигари

  • Кажете збогум на кашлањето при пушење. Првиот здравствена бенефит кој многу пушачи го приметуваат после преминот на vaping - електронски цигари е тоа што упорната кашлица престанува. Грозниот ритуал на кашлање секое утро е минато. Кашлањето се јавува поради присуството на различни токсини присутни во димот на цигарите со што се оштетува задниот дел на грлото и тоа доведува до насобирање на слуз. Е-цигарите не содржат токсини и затоа кашлањето изостанува.
  • Подобрено чувство за вкус.  Димот на цигарата делува на рецепторите за вкус на јазикот и така ја намалува неговата чувствителност. Кога ќе престанете да пушите и ќе започнете со е-цигари Ви се подобрува циркулацијата и како резултат на тоа храната станува по вкусна.
  • Полесно се дише. Општо е познато дека канцерогените честички и токсини се присутни во тутунските цигари ,тие се штетни за Вашите бели дробови и Ви го отежнуваат дишењето. Јаглеродниот моноксид спречува белите дробови да се чистат на вообичаениот начин.Токсините доведуваат до тоа да Вашите бели дробови набубрат, што предизвикува стеснување на протокот. Кај електронските цигари нема јаглерод моноксид ниту токсини и белите дробови сами се регенерираат.
  • Подобра циркулација. Јаглерод моноксид е една од најштетните супстанци која се наоѓа во цигарите. Врзувајќи се за хемоглобинот се спречува   кислородот да дојде до виталните органи.
  • Нема ризик од пасивно пушење. Еден од највознемирувачките елементи на пушењето е пасивното пушење.Е-цигарите не содржат опасни токсини кои се наоѓаат во димот од цигарите и ризикот за околината е минимален

Финансиски бенефити

  • Поефтини се од обичните цигари. За цена од 20-40 тутунски цигари може да добиете еквивалент на 100 е-цигари заиста количинана никотин
  • Поефтино животно осигурување. Пушењето е водечки фактор при превенција од смрт и со тоа се зголемуваат трошоците за ваше животно осигурување. Употребата на е-цигари Ви овозможува поефтино осигурување

Социјални бенефити

  • Нема непријатен мирис. Нема повеќе да мирисате на дим. Е-цигарите имаат течност која се користи и ништо друго.Повеќе нема вашата гардероба да мириса лошо,намештајот да мириса на дим и нема лош здив
  • Нема пепел. Е-цигарите немаат согорување и затоа нема пепел и неви треба пепелник . Со тоа нема ни отпад
  • Можете да останете внатре. Е-цигарите не создаваат дим и не мора повеќе да стоите на дожд за да ја внесете дневаната доза на никотин.

Постојат толку многу предности на е-цигарите во однос на тутунските цигари што навистина изненадува како уште пушачите опстојуваат.Со оваа безбедна опција и понатаму јадобивате својата доза на никотин само без негативни ефекти!