Новата статија на Drexel Универзитетот за јавно здравје потврдува дека хемикалијата која се наоѓа во течноста електронска цигара не претставува ризик по здравјето на корисникот и луѓето во нивната околина.
Ова е прва студија која се занимава со хемикалија во течноста за електронски цигари.На основа на општа хрифатени граници за изложеност во извештаите се заклучува дека не постои здравствен проблем со користењето на електронската цигара.
Електронските цигари се релативно нов изум и поради тоа неговиот ефект по здравјето е непознат. Овие апарати доведоа до намалување на продажбата на тутунските производи и никотинските замени на големите фармацевски компании. Како резултат на тоа настанаа неосновани тврдења кои вклуцуваат нивни штетен ефект по здравјето.
Здравствени стручњаци воглавно се сложуваат дека ризикот од електронските цигари е далеку помал од обицните тутунски цигари, бидеќи не содржат канцерогени супстанци, катран нити јаглерод моноксид. Но до сега не е направено сериозно испитување колку се помалку штетни.
Доктор Burstin испитал преку 9000 хемикалии кои се наоѓаат во испарувањето на течноста за електронска цигара. Тој утврдел дека нивото на контаминери кои се наоѓаат во течноста е беззначаен и далеку е под нивото кое претставува ризик по здравјето на корисникот.Исто така заклучил дека не постои ризик од пасивен пушач.
Оваа студија исто така ги демантира тврдењата на тутунските и фармацевските компании дека пропилен гликол и растителниот глицерин претставуваат опасност по здравјето. Ова истражување покажува дека се во толку мами количини да не претставуваат ризик по здравјето на корисникот.
Студијата ја финишираа CASAA – Америчко здружение за борба против тутунските производи, која е невладина организација. Оваа организација работи на тоа да обезбеди достапност на ниско ризични алтернативи за пушачи и вистинитост на информациите за таквите алтернативи. Оргиналните студии може да ги процитате овде.